Мачор преживеал 30 минути перење во машина | ВИДЕО

Мачорот Брош, во сопственост на семејство од Дњепар во Украина, минал половина час во машина при перење и – преживеал. Сопствениците објаснуваат дека мачорот обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сив како и внатрешноста на машината, не ја забележале кога таа била вклучена. Ова е објавено на Фејсбук-страницата на тамошната ветеринарна клиника „На рабочаја“.
Според познавачите, не треба да се експериментира дома со вакво нешто.
Вработените во клиниката сведочат дека при прегледот откриле дека по 30 минути вртење во машината, животното имало ниска температура и отежнато дишење во белите дробови. Очите му биле подзатворени поради пената, а устата силно му мирисала на детергент.
„Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брош имаше многу среќа. Не залудно се вели оти мачките имаат девет животи!“, додаваат од ветеринарната клиника.
Слична приказна се случи во 2020 година во Австралија. Мачка преживеала 12 минути миење со топла вода и детергенти. Животното не било можно веднаш да се извади, бидејќи на машината ѝ биле потребни околу две минути да ја исцеди водата, да ги исцеди алиштата и да престане да мие.
Ново на Сител
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
-

Мицкоски: Ако сакаме место на Шангајска листа, бројот на научни трудови мора да се зголеми десеткратно
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
