Мачор го наследи октоподот Пол: Ахил е официјалниот пророк на СП во Русија
Како и многу љубители на фудбалот кои се обидуваат да ги предвидат резултатите на Светското првенство во Русија и мачорот Ахил се занимава со проучување на репрезентациите, нивната форма и отсуства, но тој има една предност - мачји инстинкт.
Белиот мачор, кој живее во музејот Ермитраж ќе биде официјален пророк, кој ќе се обиде да ги предвиди победниците и губитниците на најважниот глобален фудбалски турнир, кој почнува во Русија за две недели.
Медиумите веќе пишуваат дека на Ахил нема да му биде лесно да ги исполни очекувањата и да излезе од сенката на познатиот октопод Пол, кој стана меѓународна ѕвезда откако точно ги погодуваше резултатите на Светското првенство во 2010 година, вклучувајќи го шампионот Шпанија..
Ахил, кој е еден од многуте мачки кои живеат во Ермитаж веќе погодуваше резултати од Купот на Конфедерации минатата година.
Бидејќи е глув, луѓето кои ќе го чекаат неговото „пророштво“ нема да му пречат. Победниците ќе ги погодува според изборот меѓу два сада со иста храна, но со различни знаменца.
Ново на Сител
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?