-->
-->
МААЕ: Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството по руските напади
-->

Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството на електрична енергија по најновите напади врз енергетската инфраструктура, што дополнително ја зголеми заканата за нуклеарната безбедност на земјата, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси.
„По вторпат за помалку од две недели, електраните „Хмелницки“, „Ривне“ и во Јужноукраинската централа ја намалија моќноста како мерка на претпазливост за време на обемните воени операции во земјата“, изјави синоќа Гроси.
Според него, два тима на МААЕ што работат во Украина биле принудени да се кријат во засолништа за време на воздушните напади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
