МААЕ: Иран го применува договорот за нуклеарната програма
Иран го применува договорот за својата нуклеарна програма, кој го постигна со светските сили, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јукија Амано, во момент кога постои загриженост дека САД би можеле да ги променат одредбите од договорот.
МААЕ го заостри својот став за примена на договорот од страна на Иран, вклучувајќи го барањето за пристап до воени локации.
САД зазедоа поостар став кон Иран откако Доналд Трамп ја презеде должноста шеф на државата на 20 јануари, а за инспекција на воени локации потребна им е поддршка од уште 34 земји, кои се членки на управниот одбор на МААЕ.
- Новата американска администрација досега не ја контактирала МААЕ. Ова е почеток за администрацијата на Трамп, но сме подготвени за соработка што е можно побрзо, истакна Амано на маргините на самитот во Дубаи.
Според договорот од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили, Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за ослободување од некои американски и европски економски санкции, како и од санкции на ОН.
Ново на Сител
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25
-
Мицкоски и Тошковски присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна