МААЕ: Иран ги исполнува обврските за нуклеарниот договор

Иран ги исполнува своите обврски според меѓународниот договор за неговата нуклеарна програма, а инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не наидуваат на проблеми при нивните инспекции, изјави денеска генералниот директор на МААЕ Јукија Амано.
- МААЕ може да каже дека ангажманите од тој вид, во врска со нуклеарната програма, се исполнуваат, рече Амано на прес-конференција во Абу Даби.
Тој вчера беше во посета на Иран, каде имаше средба со претседателот Хасан Рохани и други претставници на власта.
- Побарав Иран целосно да ги спроведе обврските околу нуклеарната програма. Тоа беше главниот акцент на средбата во Иран. Што се однесува до активностите на нашите инспектори, тие си ги извршуваат обврските без проблем, рече Амано.
Ново на Сител
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
