МААЕ: И последниот од четирите главни далекуводи во АЕЦ Запорожје е надвор од употреба
– Последниот главен далновод во украинската нуклеарна централа Запорожје не е во функција, но електричната мрежа продолжува да се снабдува со резервниот далновод, соошти синоќа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Украинскиот персонал на експертите за нуклеарното надзорно тело на ОН им соопштиле дека четвртиот далновод од 750 киловолти не е во функција, откако претходно останале и без преостантите три, соопшти МААЕ на својата веб-страница.
Експертите, исто така, дознале од украинскиот персонал во нуклеарката дека резервниот далновод, што ја поврзува централата со блиската термоцентрала, испорачува електрична енергија до енергетската мрежа. Резервниот далновод, по потреба, може да обезбеди и снабдување со електрична енергија за нуклеарната централа Запорожје, се наведува во соопштението на МААЕ.
Проруските власти во покраината соопштија дека главниот далновод бил оштетен од гранатирање, пренесоа руските медиуми. Поради тоа, околните области се останати без електрична енергија.
Руските сили уште од март ја контролираат најголемата нуклеарна централа во Европа, но со неа управува украински персонал. Постројката беше гранатирана, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за напади кои можат да предизвикаат нуклеарна катастрофа.
Интернационалниот 14-член експертски тим на Меѓународната агенција за атомска енергија во четвртокот го посети комплексот и изврши инспекција. Во него се останати шестмина експерти, а во наредните денови ќе заминат уште две лица, соопшти МААЕ.
Ново на Сител
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце