Loading Video...
Свет
31. October 2022 - 12:19

Лула е новиот претседател на Бразил

Левичарот Лула е новиот претседател на Бразил. Во вториот круг од претседателските избори тој го победи Болсонаро кој не успеа да го добие вториот мандат. 

Лула освои 50,83% од гласовите додека за десничарот Болсонаро гласаа нешто повеќе од 49%, информираше врховниот суд во Бразил

Лула претходно беше претседател на Бразил од 2003 до 2011 година.

77-годишниот Лула не можеше да се кандидира на изборите пред 4 години затоа што беше во затвор поради обвинение за корупција. тој помина 580 дена зад решетки пред обвинението да биде поништено што му овозможи да се врати на политичката сцена.

Болсонаро се уште не го признал поразот.