Свет
24. February 2022 - 10:16

Лукашенко тврди дека белоруската армија не учествува во руската инвазија врз Украина

Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави денеска дека војската на државата не учествува во руската инвазија на Украина, објавија државните медиуми.

„Нашите вооружени сили не учествуваат во оваа операција“, рече Лукашенко, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.