Свет
1. August 2025 - 11:28

Лукашенко оди во посета на Москва

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе отпатува во Русија во посета за време на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Путин и Лукашенко ќе имаат неформален состанок за време на кој ќе разговараат за целиот спектар на билатералните односи, како и за меѓународни прашања, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Путин и Лукашенко ќе имаат неформален состанок за време на кој ќе разговараат за голем број билатерални прашања, секако, трговски и економски врски и имплементација на проекти, како и меѓународни прашања, рече Песков.

 

МИА