Лукаревска: Заложбата на Владата е ставките за ресторанските услуги да бидат 10 проценти
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска изјави дека заложбата на Владата е ставките за ресторанските услуги да бидат 10 проценти и тоа е влезено во законска рамка, а засега остануваат три ставки.
– Во овој момент има три ставки, односно пет отсто за земање на нарачка, 10 отсто за јадење во ресторан и кетеринг и 18 отсто продажба на алкохолни пијалаци, коешто не може да биде во рамките на претходните две. Ова е еден вид на реализација на дел од програмата на Владата и во континуирана соработка со засегнатите страни, а имајќи предвид дека угостителите се на удар во оваа корона криза, во иднина ќе ги детектираме и останатите нивни потреби и проблеми, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе го исполни предизборното ветување да има една даночна ставка за ресторанските услуги, оти вчера угостителите реагирале дека наместо една добиле три ставки.
Таа рече дека со претставниците на угостителите е во постојана комуникација и за ставките за ресторанските услуги разговарале на 31 декември и дека тие биле информирани за трите ставки.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”