Лукаку: Една и пол година во Интер
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој постигна два гола синоќа на мечот од Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах (3:2), рече дека го поминува најдобриот период во неговата кариера.
– Требаше да го решиме мечот порано. Водството беше 3:1, а ние имавме среќа бидејќи на крајот тие можеа да изедначат. Како што реков, јас сум еден од 25-те играчи во тимот. Некои од нив се многу поискусни од мене. Сакам да му помогнам на Интер да победи и се обидувам да го сторам тоа на секој тренинг и на секој натпревар. Многу ми е драго што сум во ист тим со овие момци. Овие една и пол година во Интер се најдобри во мојата кариера и благодарен сум на тренерот, неговите асистенти и соиграчи, истакна Лукаку.
Пред да дојде во Интер, белгискиот репрезентативец настапуваше за Манчестер јунајтед, Евертон, ВБА, Челзи и Андерлехт.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори