Лука поднесе кривична пријава против Наташа Беквалац, еве што рече за целиот случај
Мажот на пејачката Наташа Беквалац поднесе кривична пријава против пејачката, за кривично дело лажно пријавување.
Лука Лазукиќ кривичната пријава ја поднел прекус војот адвокат, а во обвинителството стигна и кривичната пријава на полицијата во која Лазукиќ се товари за кривично дело семејно насилство, откако на сопругата и нанел полесни телесни повреди.
Да потсетиме, сослушувањето на Лука, Наташа и дадилката е закажано за 24 април во обвинителството. На Лазукиќ Првиот основен суд во Белград во понеделникот на 16. април му изрече мерка - оддалечувања од станот до 30 дена, забрана за приоѓање и комуникација со сопругата, под сомнение дека ја тепал ноќта меѓу петокот и саботата (13 и 14 април).

Инаку, Лука во првото огласување од инцидентот рече дека не ја тепал Наташа, туку дека наводно имала модринки од антицелулитната масажа.
-Јас не сум виновен, судот нека одлучи. Секако дека ќе се борам за вистината. Не само својата, туку за вистината на сите мажи кои ова го претрпеле од неа и кое го прави по шаблон. Ја својата жена не сум ја тепал и не сум ја влечкал низ куќа и не сум ја удирал во раната од царскиот рез. Од каде и се повредите, прашајте ја неа. Ако таа не знае, тогаш обвинителството нека го утврди тоа и судскиот вештак. Го осудувам семејното насилство и насилството над жените. А уште повеќе ги осудувам лажните пријави поради користољубие, поради сите тие жение кои се реални жртви на насилство. Што се однесува на подливите на рацете и нозете, таа одеше на масажа против целулит, рече Лука.
Ново на Сител
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
-
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија
-
Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка