Балкан
21. July 2017 - 9:30

Луѓето врескаат и се кријат под маси: Ужасна снимка од земјотесот во турска болница

Најмалку две лица загинаа, а 170 се повредени во земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихеровата скала што рано утро се случи во Егејското море во близина ан популарните грчки и турски туристички дестинации, соопшти грчките и турските власти.

На грчкиот остров Кос, официјално, две лица загинаа, а 100 се повредени.

Карши, во турското летувалиште  Бодрум, околу 70 лица се префрлени во болница.

На интернет се појавија снимки на кои може да се гледаат луѓето како во паника бегаат во текот на земјотесот.

На една од нив се гледаат и страотни сцени од потресот во болница во Турција. Исто така на снимката се слушаат и вресоци додека целата болнциа се тресе, а посебно е потресна сцената како родители со мало дете се кријат под маса.

Недалеку од нив исто така под работната маса се криеше една медицинска сестра.

Земјотресот се случи во 22.31 по средноевропско време, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки завод.