Луѓе летаа на сите страни: Дрогиран возел по тротоарот, пешаците ги отфрли во воздух, двајца мртви на самото место
Две лица загинаа, а три се повредени кога автомобил удри во пешаци на тротоар во центарот на Санкт Петербург, јавија руските медиуми.
Медиумите пренесуваат дека загинал американскиот државјанин Тод Кровел.
Возачот бил под влијание на азотен оксид и изгубил свест, јавуваат локалните медиуми.
Ужасниот судар се случил на авенијата во текот на ноќта, кога БМВ Х6 кој го возел со голема брзина удрил во неколку возила пред да налета на плочникот.
Автомобилот тогаш погодил група пешаци и ги отфрлил во воздух.
Автомобилот потоа возел по плочникот, уништувајќи ја отворената врата од кафуле и дуќан пред да се врати на патот и конечно да застане.
Две лица, американски државјанин и турист од Москва, се убиени на самото место.
До несреќата дошло прилично доцна вечерта и имало малку луѓе во близина, на обично прометната раскрсница. Да се случел инцидентот час време пред тоа, можело да има десетици жртви.
Возачот е фатен од страна на полицијата на самото место, а медиумите го идентификуваат како 30-годишниот Мурад К. Бил под дејство на азотен оксид - хемиско соединение кое се користи како анестетик и е познат како „гас за смеење“.
Потрошувачката на воој гас како своевиден „легален лек“ во последно време е раширена во ноќните клубови и отворено се продава во балони.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева