Луѓе купувајте злато, ќе поскапи!
Зголемената побарувачка за злати и државни обврзници е последица на стравот од глобална рецесија, слабеење на доларот и кредитните разлики во ЕУ.
Цената на златото во наредните недели би можела да порасне за 5 отсто, а за неколку месеци дополнителни 15 проценти, па аналитичарите советуваат вложување во овој благороден метал.
Вредноста на златотот е на највисоко ниво во последните година деца поради превирањата на светските финансиски пазари и остриот пад на цените на акциите па инвеститорите бараат сигурно прибежиште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за сигурни во неизвесни времиња. Во четвртокот унца злато достигна 1.261 долари, зајакнувајќи пет отсто за еден ден, така што од почетокот на годината цената е зголемена за речиси 18 отсто, по три години загуби.
Аналитичарите велат дека цената на златото на светските берзи можеби завчера накратко стагнирала, но сепка ова е најдобра недела на овој благороден метал во последните четири години, што може да сигнализира дека инвеститорите бараат сигурно место по големите промени на пазарот на акции.
Причините за зголемената побарувачка за злато и обврзници се растечките ризици од ненаплатливи кредити во ЕУ, страв од глобална рецесија поради успорувањето на растот на Кина и слабеењето на доларот.
Ако во наредните недели на глобалните пазари се види продолжение на растечката неизвеснот, се очеквуа следната станица за златото да биде околу 1.300 долари за унца, што е за околу пет отсто повеќе во однос на моменталното ниво. Ако се случи цината да го пробие ова важно психолошко и техничко ниво, следната зона на ценовно балансирање би можела да биде околу 1.420 до 1.450 долари за унца и може да се очекува и на среден рок цената на златото да продолжи да расте.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа