Фудбал
7. July 2016 - 10:52

„Лудак“ на кормилото на Лацио

Аргентинецот Марсело Бијелса е именуван во нов шеф на стручниот штаб на Лацио, соопшти италијанскиот тим.
 
Бијелса првиот тренинг со тимот ќе го одработи в сабота, кога и ќе го комплетира стручниот штаб. Аргентинецот во Лацио доаѓа од Олимпик Марсеј, каде поднесе оставка по завршувањето на сезоната.
 
Во кариерата тренерот кој го носи прекарот „лудак“, работел и во Атлетик Билбао, Еспањол, Велс Сарсфилд, Америка и Атлас во Мексико и Њувелс Олд Бојс.
 
Исто така, Бјелса бил селектор на Чиле и Аргентина.