Луда традиција: Шестгодишно девојче присилија на брак
Пакистанската полиција уапси шест лица обвинети зошто договориле брак меѓу седумгодишно дете и шестгодишно девојче на истокот од Пакистан.
Татковците на децата, свештеникот кој ја водел свечената церемонија и тројца сведоци се обвинети и уапсени, и им се заканува шестмесечна казна затвор и казна од 50.000 рупии (500 долари). Иако сите негираа дека се случила венчавка, полицијата тврди дека има видео снмика од церемонијата.
Инаку, пакистанските законодавци минатиот месец не го прифатија предлогот за постоги казни за оние кои договараат бракови меѓу деца, зошто религиозните претставници тоа го прогласија за спротивно на исламот и сквернавење.
Според тој предлог, старосната граница за венчавање на девојчиња треба од денешните 16 да се поткрене на 18 години, па оние го организираат малолетни бракови би можеле да добијат затворски казни.
Според шеријатскиот закон, било кој може да се венча штом влезе во пубертет, а невозможно е законски да се одреди времето кога тоа точно се случува.а
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала