-->
-->
ЛШ (жени): ЖРК Вардар на мегдан со Савехоф
-->
Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекуваат шведската екипа Савехоф во натпревар од 7.коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак ја има улогата фаворит против шведскиот тим, кој се наоѓа на последното место во групата 2 без освоен бод. Со триумф ЖРК Вардар ќе биде чекор поблиску до четвртфиналето.
Покрај натпреварот ЖРК Вардар – Савехоф (почеток 17:30 часот), денеска од група 2 се игра и дуелот Ѓер – Букурешт, додека европскиот првак Будуќност утре гостува кај Митјиланд.
Табела: Будуќност 9 бодови, Ѓер 9, Букурешт 7, ЖРК Вардар 6, Митјиланд 5, Савехоф 0.
Во групата 1 вчера се одигра еден натпревар Баја Маре го победи ФТЦ со 32:24, а денеска играат: Ростов Дон – Турингер и Ларвик – Флери.
Табела: Ростов Дон 12, ФТЦ 9, Ларвик 6, Баја Маре 4, Флери 4, Турингер 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот
-
Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан
-
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Макрон за предлогот на Путин: На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје