Ракомет
2. April 2016 - 14:24

ЛШ - жени: ЖРК Вардар „брка“ полуфинале против Ларвик

Женскиот ракометен шампион ЖРК Вардар попладнево го игра првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Противник е норвешкиот шампион Ларвик. Победникот од двомечот ќе избори пласман на завршниот турнир во Будимпешта.
„Вардарки“ знаат дека ривалот е незгодна екипа особено што добро знаае да игра и дома и на гости, а пред се имаат опасна контра. Но, во таборот на македонскиот тим ги знаат и слабите страни на Ларвик и ќе се обидат да ги искористат. 
Во најавата на дуелот од таборот на нашиот шампион посакаа и трибините во СЦ „Јане Сандански“ да бидат исполнети со што ракометарките ќе имаат дополнителен мотив да забележат победа на првиот дуел. Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот.
Денеска се играат и другите два четвртфинални натпревара: Баја Маре – Будуќност и ФТЦ – Ѓер. На првиот натпревар од четвртфиналето во четвртокот Букурешт го победи Ростов Дон со 26:25.