Ракомет
17. October 2015 - 23:27

ЛШ - жени: Домашен пораз на стартот за ЖРК Вардар

По серијата успешни настапи на ЖРК Вардар на домашен терен во третата сезона од натпреварувањето македонскиот првак го претрпе првиот пораз дома од унгарската екипа Ѓер со 27:22 (13:10).
Гостинките од Унгарија подобро почнаа натпреварот и постојано имаа водство. Вардарки во неколку наварти се обидуваа да стигнат до израмнување, но слабата завршница на нападите и неколкуте не реализирани контранапади беа причината Ѓер да го има водството. Во првиот дел најрасположена за игра беше Локе која успеа да постигне пет голови. Унгарскиот тим кон во 20.минута имаше за првпат и четири голови разлика, која Вардар еднаш успеа да ја намали откако имаше две ракометарки повеќе во игра. Тренерскиот тандем Кастратовиќ – Питлик ја бараше вистинската формација во нападот, но очигледно дека бековите на ЖРК Вардар имаа проблем со реализација особено поради високиот бедем на противничките, како и успешните одбрани на Гримсбо и Киш.
Во вториот дел гостинските ракометарки постепено ја зголемуваа предноста, која во два наврати беше и 8 голови (18:26 и 19:27). Вардар со серија од 3:0 на крајот само го ублажи поразот.
 
Кај Вардар најефикасна беше Маја Сокач со 5 голови (сите од 7 метри), а кај Ѓер Анико Ковачич постигна 6 голови без промашување.
Единствената светла точка во Вардар беше голманката Амадин Лејно со 13 интервенции.
 
Двојки за првото коло:
А група: Крим – Баја Маре 27:33 и Ларвик – Ростов Дон 21:27.
Б група: Турингер – Флери (недела) и ФТЦ – Подравка (недела).
Ц група: Вардар – Ѓер 22:27 и Митјиланд – Хипо (недела).
Д група: Букурешт – Лублин 33:21 и Будуќност – Савехоф (недела).