-->
-->
ЛШ: Вујо го декласира Кил
-->
Ракометарите на ППД Загреб со победа стартуваа во А групата, во Лигата на шампионите. Во првиот меч од оваа група, тимот на Веселин Вујовиќ го декласираше Кил со 29:27 (13:11).
Хрватскиот шампион на стартот во новатат сезона го повтори минатосезонскиот успех кога славеше над Кил, но за разлика од лани, во четвртокот, Загреб беше убедлив против бундеслигашкиот шампион.
Интересно и неизвесно прво полувреме одиграа двата тима, Кил отвори со два гола, Загреб бргу се консолидираше, најпрвин израмни, а потоа и стигна до водство од 8:5. До крајот на полувремето двата тима направија уште по една серија, најпрвин Кил со четири гола ја врати предноста на своја страна 8:9, а полувремето Загреб го заврши со серија од 5:2, за предност од 13:11.
Решителноста на ракометарите на Загреб да ја забележат првата победа во новата сезона уште повеќе беше изразена на стартото од второто полувреме, кога со добра игра во одбраната два пати добро одиграа во транзиција и стигнаа до позитива од четири гола.
Кил се обидуваше но никако не можеше да влезе во вистинскиот ритам, а во последните десет минути германскиот првак постигна само два гола што значеше убедлив триумф на Загреб.
Сенка на мечот фрли вербалниот судир на Хорват и Тофт Хансен, кој благодарение на брзата реакција на останатите играчи беше спречен да прерасне во физчка пресметка. Инцидентот се случи во 57.минута, а Хорват кој беше иницијатор на инцидентот доби црвен картон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид
-
Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
Кривична пријава против управителот и правното лице Балкан Марбле Индустриес за „даночно затајување“
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“
-
Украина истрела 84 дронови и 13 ракети врз руската област Ростов
-
Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот