-->
-->
ЛШ: Вардар тешко го „скрши“ Мешков Брест
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар ја постигна втората победа во групата Б од Лигата на шампионите откако вечерва на доамшен терен го совлада Мешков Брест со 31:27 (13:13).
Во текот на првиот дел избраниците на тренерот Раул Гонзалез тешко играа во нападот, па така гостите постојано имаа водство и на полувремето беше 13:13. На почетокот на вториот дел Вардар првпат поведе со 15:14 во 32.минута. Водството „вардарци“ го имаа до крајот на натпреварот и постепено го зголемуваа.
Најефикасен на дуелот беше Алекс Душебаев со 9 голови, а Вуко Борозан постигна 7. Кај Мешков Брест Растко Стојковиќ постигна 8 голови.
Вардар во следното коло гостува кај Цеље.
Попладнево вторито македонски тим во Лигата на шампионите во групата Ц Металург загуби на гостувањето кај Татран Прешов со 27:22.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите