-->
-->
ЛШ: Вардар почна и завршува со Кристијанштад
-->

Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево го игра последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува екипата на Кристијанштад. „Црвено-црните“ со досега освоените 18 бодови го обезбедија првото место во групата што значи и дека ќе бидат слободни во осминафиналето и директно ќе играат во четвртфиналето. За гостите од Шведска еден бод ќе значи и пласман во осминафиналето, додека Вардар со победа ќе му „помогне“ на загреб да се пласира во нок аут фазата.
Покрај овој натпревар денеска се играат уште два дуела од групата А од 14.коло: ПСЖ – Кил и Силкеборг – Кадетен Шафхаузен.
На досега одиграните дуели од оваа рунда: Барселона – Висла 36:28, Веспрем – Флензбург 34:28 (А група), Рајн Некар Ловен – ПИК Сегед 24:30, Киелце – Мешков Брест 35:27 и загреб – Цеље 23:21.
Табела А група: Барселона 25 бодви, ПСЖ 22, Веспрем 18, Флензбург 15, Кил 12, Висла 8, Силкеборг 6, Кадетен Шафхаузен 2.
Табела Б група: Вардар 18, Киелце 18, ПИК Сегед 17, Рајн Некар Ловен 17, Мешков Брест 14, Загреб 9, Цеље 9, Кристијанштад 8.
Пласман во осминафиналето обезбедија и француските екипи Нант и Монпеље. Тие во бараж дуелите беа подобри од Мотор односно Ла Риоха. Нант – Ла Риоха 68:56 (вкупен резултат) и Монпеље – Мотор 65:63 (вкупен резултат).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
