-->
-->
ЛШ: Вардар гостин кај РНЛ
-->

Македонскиот ракометен шампион Вардар со вечерашното гостување кај бундеслигашот Рајн Некар Ловен ги продолжува натпреварите од Лигата на шампионите по паузата поради Европското првнество во Полска. По 10-те кола германската екипа има бод повеќе од Вардар и се наоѓа на третата позиција на табелата. РНЛ воедно е и лидер во ракометната Бундес лига.
Овие два тима имаат одиграно три натпревари во Лигата на шампионите и „вардарци“ имаат остварено три победи. Во првиот дел од оваа сезона македонскиот првак во СЦ „Јане Сандански“ триумфираше со 25:19, додека лани во Германија беше 35:28 за Вардар.
Во тимот на Вардар од првиот дел ќе недостасуваат суспендираните Дејан Манасков и Стојанче Стоилов, како и Блаженко Лацковиќ кој замина во Кил, а кај РНЛ право на настап има македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски.
Почетокот на натпреварот е во 19:30 часот, а дуелот ќе се игра во Франкфурт, а не во Мајнхајм на РНЛ ги игра дуелите од Бундес лигата.
Натпреварите од 11.коло од Лигата на шампионите продолжија синоќа со дуелот меѓу ППД Загреб и ПСЖ, кој им припадна на ракометарите на францускиот тим.
Двојки од 11.коло:
А група: ППД Загреб – ПСЖ 23:25, Висла – Цеље, Бешикташ – Веспрем (играат во сабота), Флензбург – Кил (играат во недела).
Табела: ПСЖ 18, Флензбург 16, Веспрем 15, Кил 11, ППД Загреб 9, Висла 8, Цеље 3, Бешикташ 2.
Б група: Рајн Некар Ловен – Вардар, Кристијанштат – Килеце (играат вечерва), Монпеље – Барселона и ПИК Сегед – Колдинг (играат во недела).
Табела: Барселона 15, Киелце 14, Рајн Некар Ловен 13, ПИК Сегед 13, Вардар 12, Монпеље 7, Кристијанштат 4, Колдинг 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
-

Приведени две лица од дебарско поради грабнување и силување
-

УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
