-->
-->
ЛШ: РНЛ му „врати“ на Вардар
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва го претрпе вториот пораз во групата Б од Лигата на шампионите. Во Скопје на триумф се радуваше германскиот првак Рајн некар Ловен, кој победи со 29:26. Ова за Вардар е прв пораз на домашен терен.
Во првото полувреме кое заврши нерешено 15:15, двете екипи се менуваа во водството. На почетокот на вториот дел гостите од Германија успеаја да се „одлепат“ резултатски и за првпат водство од шест голови имаа во 49.минута (25:19). Оваа предност ја имаа до 55.минута (28:22), а до крајот Вардар успеа да го ублажи поразот.
Најефикасни кај Рајн Некар Ловен беа Мадс Ларсен и Харалд Рајнкинд со по 7 голови, додека кај Вардар најпрецизни беа Жоан Канељас и Вуко Борозан со по 6. Голманот на РНЛ Микаел Апелгрин дуелот го заврши со 16 одбрани.
Вардар во следното коло гостува кај европскиот првак Киелце.
Табела: Вардар 12 бода, Рајн некар Ловен 11, Киелце 10, ПИК Сегед 9, Мешков Брест 7, Цеље 4, Кристијанштад 3, Загреб 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До Собранието сè уште не е пристигнат предлогот за Азир Алиу да биде нов министер за здравство
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура