-->
-->
ЛШ: Реал гостува кај незгодната Рома
-->

Лука ди Монтеземоло, пред десетна дена ја шокира светската јавност кога рече дека „вестите околу состојбата на Михаел Шумахер не се добри“. Седумкратниот светски првак во Формула 1, пред 24 месеци доживеа тешка несреќа на скијањето во француските Алпи и оттогаш се бори за својот живот.
Шумахер на почетокот на летото минатата година беше префрлен на домашно лекување, за неговото здравје се грижи тим од доктори, но подетални информации околу неговото здравје нема.
Семејството успеа целосно да се изолира од новинарите, а единствени за релеванти се сметаат информациите кои доаѓаат од портпаролката Забине Кем.
„Михаел не е тука со нас и секако дека ни недостасува. Сите знаеме што се случи и не можеме да влијаеме на судбината. Мораме да се соочиме со фактите и да се надеваме дека сé ќе биде во ред. Му треба поддршка и трпение, за еден ден да може повторно да биде со нас“, рекла Кем, без да ја коментира изјавата на Монтеземоло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
