ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите (ЛШ) меѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд е закажан за вечерва од 21:00 часот.
Борусија во Париз брани предност од 1:0 од првиот дуел, но францускиот домаќин е фаворит и се надева дека ќе стигне до своето второ финале во клупската историја, откако во 2020 година загубија од Баерн.
„Нашата цел е да влеземе во финалето. Свесни сме дека на овој натпревар можеме брзо да постигнеме два гола, но и да примиме“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
„Нашата цел не е да победиме со два гола, нашата цел е да победиме. Ако почнеме да размислуваме за два гола, ќе изгледа дека целта ни бега. Мора да постигнеме еден гол, а потоа е изедначено полуфиналето“, додаде стратегот на ПСЖ.
Тренерот на Борусија, Един Терзиќ, истакна на официјалната прес – конференција дека неговите фудбалери се свесни за квалитетот на противникот, но оти пласманот во финалето е голем мотив за бундеслигашот од Дортмунд.
„Знаеме за нивната сила. Веќе кажавме дека нашиот настап од првиот натпревар нема да биде доволен за финале, но можеме да извадиме многу позитивни работи од него. Во текот на сите 90 минути треба да бидеме целосно будни, ако треба ќе трчаме и 20 километри повеќе од нив! Имаме голема цел и голем сон“, истакна Терзиќ.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје