Фудбал
16. July 2015 - 9:21

ЛШ: Победа на Селтик, кикс на Динамо (З)

Фудбалерите на шкотски Селтик остварија очекувана победа во 2. квалификациско коло од ЛШ совладувајќи го во Глазгов претставникот на Исланд, Стјарнан со 2-0.

Разочара првакот на Хрватска, Динамо Загреб кој на максимир одигра скромни 1-1 со луксембургшкиот Фола ЕШ. 
Во останатите дуели БАТЕ Борисов го совлада со 2-1 тимот на Дандалк, додека на две средби Карабах-Рудар Плевља и Малме-Жалгирис немаше голови.