-->
-->
ЛШ: Победа на Кил во Истанбул
-->

Ракометарите на Кил постигна победа на госувањето во Истанбул против бешикташ на првиот дуел од 13.коло од Лигата на шампионите. Кил оствари триумф со 32:27 и со тоа само го потврди 4.место во групата А без шанси за пласман некое место повисоко. Во редовите на Бешикташ македонскиот репрезентативец Немања Прибак постигна еден гол.
Вечерва во рамките на Б група Барселона со нашиот Кирил Лазаров ќе гостува кај Кристијанштад.
Другите натпревари од 13.коло се играат во деновите од викендот.
А група: Бешикташ – Кил 27:32, Флензбург – Веспрем, Висла – ПСЖ и Цеље – ППД Загреб.
Табела: Флензбург 20 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 19, Кил 15, ППД Загреб 9, Висла 8, Цеље 5, Бешикташ 2.
Б група: Кристијанштад – Барселона, ПИК Сегед – Вардар, Монпеље – Киелце и Рајн Некар Ловен – Колдинг.
Табела : Барселона 19, Киелце 17, Рајн Некар Ловен 15, ПИК Сегед 15, Вардар 14, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
