-->
-->
ЛШ: Новиот Металург ги израдува своите фанови
-->

Ракометарите на Металург го совладаа Кадатен Шафхаузен во второто коло од ЛШ со 28-24. Металург до победата го предводеше Божовиќ со осум голови.
Металург успеа да го наметне својот ритам на игра во првото полувреме, во нападот играчите на Лино Червар трпеливо ги градеа своите акции, а во одбраната уште на стартот ја спречија соработката на надворешната линија со пивотот Кох.
Уште во седмата минута Металург стигна до предност од четири гола (5:1) и истата успеа да ја одржи до крајот на првиот дел (15:11).
Ниту еднаш во првиот дел Металург не успеа да ја има предност поголема од четири голови, но исто така не дозволи играчите на Шафхаузен да се доближат на повеќе од два разлика.
Пет гола (16:11) предност Металург имаше на стартот од второто полувреме кога контранапад успешно реализираше Костески.
Шафхаузен потоа набрзина постигна два гола и се до 50-та минута, предноста на Металург се движеше од три до четири гола, кога најдобриот играч на мечот Божовиќ погоди за 21:16.
По голот на Божовиќ, Шафхаузен сериозно се закани со серија од три гола, но тајм аутот кој го побара Червар го врати Металург на вистинскиот пат, Мраковчиќ и Божовиќ постигна по еден гол, Дупјачанец два пати одбрани што на Металург ширум му ја отвори врата за првата победа во Лигата на шампионите во сезоната 2015/2016.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
