-->
-->
ЛШ: Нови гостувања за македонските екипи Вардар и Металург
-->

Македонските претставници во ракометната Лига на шампионите Вардар и металург попладнево ќе ги одиграат натпреварите од 5.коло. По серијата од четири победи Вардар ќе има тешко гостување кај последниот во групата Колдинг. Данскиот тим посакува да дојде до првите бодови, а Вардар за Данска отпатува без Арпад Штербик, Алекс Душебаев, Александар Деревен и Столе Стоилов, кои поради повреди и болест не се дел од тимот.
Металург по двете победи, во последното коло одигра добар натпревар и несреќно загуби на гостувањето кај Скјерн. Во таборот од тимот од „Автокоманда“ ќе се обидат да стигнат до прв бод на гости оваа сезона.
Синоќа се одиграа неколку дуели,а интересно беше во Полска каде Барселона успеа да остане неоразена во дуелот со Киелце, иако на 40 секунди докрајот губеше со 30:28. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна 7 голови.
Двојки и резултати од 5.коло:
А група: Флензбург – Бешикташ 33:25, Веспрем – Кил 29:27, ППД Загреб – Висла 29:25, Цеље – ПСЖ (недела).
Табела: Веспрем 9 бодови, Кил 6, ПСЖ 6, Флензбург 6, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 0.
Б група: Монпеље – Кристијанштад 30:26, Рајн Некар Ловен – ПИК Сегед 30:25, Киелце – Барселона 30:30, Колдинг – Вардар (недела).
Табела: Вардар 8, Барселона 7, Рајн Некар Ловен 7, Киелце 6, ПИК Сегед 4, Монпеље 4, Кристијанштад 2, Колдинг 0.
Ц група: Порто – Мешков Брест 29:28, Војводина – Ла Риоха 26:31, Татран Прешов – Чеховски Медведи (недела).
Табела: Ла Риоха 8, Порто 8, Мешков Брест 6, Војводина 4, Чеховски Медведи 2, Татран Прешов 0.
Д група: Кадетен – Скјерн 24:30, Баја Маре – Металург (недела), Елверум – Мотор (недела).
Табела: Скјерн 8, Мотор 4, Баја Маре 4, Металург 4, Кадетен 3, Елверум 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
