-->
-->
ЛШ: Нов пораз на Металург на гости
-->
Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург претрпеа пораз 28:18 на гостувањето кај екс европскиот шампион Монпеље во натпревар од 5.коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Металург беше равноправен во првиот дел кога имаше и водство, а по 30 минути беше 13:12 за Монпеље. Сепак францускиот тим во вториот дел доминираше на теренот и вторите 30 минути ги доби со 15:6.
Најефикасни кај Монпеље беа Матју Гребил и Вид Кавтичник со по 5 голови, додека кај Металург Воислав Брајовиќ постигна 6 голови, а Марко Нелоски 4.
На другите два дуела од оваа група: Елверум – Ла Риоха 27:32 и Татран Прешов – Чеховски Медведи 30:28.
Табела: Ла Риоха 7 бодови, Монпеље 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4, Татран Прешов 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска