-->
-->
ЛШ: Најмногу пари за Јуве
-->
Европскиот вицешампион Јувентус минатата сезона во Лигата на шампионите заработил 89,1 милиони евра, што е најмногу од сите екипи кои настапуваа во елитното натпреварување на Стариот континент. Во Лига Европа најмногу заработила Севилја, вкупно 19,1 милиони евра.
Европската фудбалска унија (УЕФА) на клубовите кои во сезоната 2014/2015 настапуваа во Лигата на шампионите им подели вкупно 1,033 милијарди евра. Најголем дел од тие пари пристигнал од спонзорствата и телевизиската гледаност. Од ткн. ’market pool’ биле поделени 492 милиони евра, 275,2 милиони евра клубовите добиле за учеството во ЛШ, 96 милиони заработиле согласно остварените резултати, а повеќе од 120 милиони евра поделиле во елиминациската фаза.
Јувентус е екипата која најмногу заработила од ’market pool’, дури 58,2 милиони евра, а останатите 30,9 милиони торинскиот клуб ги заработил со остварените резултати. Во споредба со Јувентус, европскиот првак Барселона од ’market pool’ заработил само 24,6 милиони евра, од вкупната сума која изнесува 61 милиони евра.
На третото место на оваа листа се наоѓа ПСЖ (56,1 млн евра), а во Топ 5 се уште и Реал Мадрид (52,5 млн евра) и Монако (52,3 млн евра).
УЕФА на клубовите кои се натпреваруваат во Лига Европа им подели 240 милиони евра, а најмногу заработи победникот Севилја (19,1 млн евра), а потоа италијанските клубови Наполи (12,2 млн евра) и Фиорентина (10,5 млн евра).
Топ 10 заработки во ЛШ:
1. Јувентус – 89,1 млн евра
2. Барселона – 61
3. ПСЖ – 56,1
4. Реал – 52,5
5. Монако – 52,3
6. Баерн – 49,8
7. Рома – 45,9
8. Манчестер Сити – 45,8
9. Атлетико Мадрид – 43,7
10. Челзи – 39,2
Топ 10 заработки во Лига Европа:
1. Севилја – 19,1 млн евра
2. Наполи – 12,2
3. Фиорентина 10,52
4. Волфсбург – 10,50
5. Дњипро – 7,86
6. Бешикташ – 7,84
7. Гингам – 7,7
8. Борусија Менхенгладбах – 7,57
9. Евертон – 7,53
10. Виљареал – 6,9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија
-
Преглед на вестите од светот