Ракомет
16. September 2017 - 19:13

ЛШ: Монпеље повторно подобар од Металург

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург загубија во натпреварот од 1.коло од Д групата од Лигата на шампионите од Монпеље со  32:22  (19:11).
Македонскиот тим равноправен беше до средината на првиот дел кога резултатот беше 7:6 за домашниот тим. Но, во следните пет минути Монпеље направи серија од 6-1 за водство од 13:7 и на полувреме беше 19:11.
Во 41.минута Монпеље повде и со 10 голови разлика (24:14). Водство кое францускиот тим го имаше и на крајот на натпреварот - 32:22.
Најефикасен кај Монпеље беше Мишел Гигу со шест голови, додека во редовите на Металург најпрецизни беа Халил Јагањац со 6 и Филип Кузмановски со 5.
На другите дуели од оваа група: Мотор - Чеховски Медведи 36:23, додека утре се игра дуелот Бешикташ - Спортинг.
Македонскиот и европски шампион Вардар својот натпревар од 1.коло го игра утре на гости против Висла во Плоцк со почеток во 19 часот.