-->
-->
ЛШ: Металург се прости со победа
-->

Ракометарите на Металург со победа ги завршија настапите во Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Металург, во последното 10.коло во Ц групата, славеше над Чеховски Медведи 31:24 (15:10).
Посакуваа и најавуваа победа во пресрет на натпреварот со Чеховски Медведи и по 60 минути сигурна игра ракометарите на Металург успеаја со победа да ја завршат тековната сезона во шампионската Лига.
Избраниците на Лино Червар одиграа добар натпревар, без осцилации, со добра одбрана и минимум на технички грешки во нападот. За таквиот пристап младиот тим на Металург и беше награден со победа.
Од првата до последната минута Металург водеше, по почетните 3:0, на половина од првиот дел имаше предност од пет гола (8:3), во 26.минута и 14:8, а на полувреме 15:10.
Во првиот дел блескаше на голот на Чеховски Медведи ветеранот Грамс со осум интервенции, а неговите сиграчи во нападот не беа миленици на среќата бидејќи шест пати ја погодуваа рамката на голот.
Металург и во вториот дел одигра на високо ниво, рутински го држеше противникот на разлика од три до пет гола, а во 56.минута ја достигна највисоката преднст од седум голови 29:22.
Илиќ и Обрадовиќ со по седум голови го предводеа Металург, кој Лигата на шампионите ја заврши со пет победи и исто толку порази. Прво име во составот на Чеховски Медведи беше голманот Грамс со 13 интервенции.
Групата Ц ја освои Монпелје со 16 бодови пет повеќе од Ла Риоха и шест од Металург, а следуваат Татран Прешов со 9, Елверум со 8 и Чеховски Медведи со шест бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
