Ракомет
10. February 2017 - 8:09

ЛШ - мажи: Победи за РНЛ и Мешков Брест

Со двата натпревари од групата Б, одиграни синоќа, во кои победи забележаа домашните екипи, беше отворено 10. коло во ракометната Лига на шампиони.
 
Останатите средби на програмата се претстојниов викенд, а од нив најголемо внимание за македонската јавност ќе привлечат настапите на нашите екипи.
 
Во сабота, во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион Вардар го пречекува хрватскиот првак ППД Загреб, а ден подоцна (недела) во СЦ „Борис Трајковски“, Металург е домаќин на Чеховски Медведи.
 
Комплетни двојки за 10.коло во ракометната лига на шампиони:
 
А група: Кадетен Шафхаузен – Кил, Веспрем – Барселона, ПСЖ – Силкеборг (сабота) и Висла Плок – Фленсбург (недела).
 
Табела : Барселона 16 бодови, ПСЖ 14, Веспрем 10, Фленсбург 9, Кил 9, Висла Плок 6, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2.
 
Б група: Рајн-Некар – Киелце 28-23, Мешков Брест – ПИК Сегед 25-23, Вардар - ППД Загреб и Целје – Кристијанштад (сабота).
 
Табела: Киелце 14 бодови, ПИК Сегед 13, Рајн-Некар 13, Вардар 12, Мешков Брест 11, Целје 5, ППД Загреб 4 и Кристијанштад 4.
 
Ц група: Прешов – Ла Риоха (сабота), Металург - Чеховски Медведи и Монпелје - Елверум (недела)
 
Табела: Монпелје 14 бодови, Ла Риоха 11, Елверум 8, Металург 8, Таран Прешов 7 и Чеховски Медведи 6.