-->
-->
ЛШ: Ѓер европски шампион по продолжение, Вардар остана финалист
-->
Ракометарките на Вардар остнаа без европската титула откако по продолжение го загубија финалето од унгарски Ѓер со 31:30 по продолжение. Во регулраниот дел дуелот заврши 26:26.
Натпреварот започна во изедначен игра, а до 10:10 беше нерешено и тогаш Вардар влезе во лоша серија од 10 минути без гол, а Ѓер поведе со 14:10.
Во вториот дел Вардар постепено ја стигнуваше предноста на ривалот и во 54.минута беше нерешено 24:24. На три минути пред крајот Вардар имаше и шанса за водство но ударот на Радичевиќ заврши во стативата. Во последната минута Мавсар постигна гол за изедначување 26:26.
Во продолжението Ѓер поведе со 29:26, но Вардар пак изедначи.
На поразот „кумуваа“ и судијките од Данска, како и записничката маса со неколку сомнителни одлуки на штета на македонскиот првак.
Вардар оваа сезона по три трети места одигра финале и го освои второто место.
Кај Ѓер најефикасни беа Анита Горбич со 7 голови, а по 6 постигнаа: Грот и Мерк.
Кај Вардар најефикасни беа: Ања Алтхаус и Александра Лакрабере со по 6 голови.
За Ѓер ова трета титула европски шампион по 2013 и 2014 година.
Во натпреварот за третото место досегашниот европски првак Букурешт го совлада Будуќност со 26:20.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок