Ракомет
12. April 2017 - 13:26

ЛШ: Флензбург - Вардар натпревар на колото

Првиот четвртфинален натпревар од машката лига на шампионите меѓу Флензбург и Вардар од страна на ЕХФ е прогласен за меч на неделата. Дуелот се игра на 22 април во 17:30 часот во Германија.
 
Ова значи дека истиот натпревар ќе биде пренесува на www.ehftv.com со англиски коментар, и сите очи на ракометната Европа ќе бидат насочени кон оваа средба.
 
ЕХФ даде објаснување во врска со одлуката оваа средба да биде одредена за меч на неделата.
 
- Битката меѓу Флензбург и Вардар во четвртфиналето буди некои стари спомени од 2014 година, кога Флензбург го победи Вардар благодарение на повеќето голови на гости. Мечот ветува дека ќе биде интересен и двата тима се во одлична форма. По три години безуспешно обидување да се стигне до Ф4 турнирот, сега шансите никогаш не биле толку реални за Вардар. Македонскиот тим се соочува со Флензбург, екипа која им донесе многу болка во 2014 година на нивниот пат до славата. Вардар можеби е мал фаворит, но Флензбург го игра првиот натпревар дома, имаат се што им треба да победат и да си обезбедат шанса да стигнат во Келн за последен пат под водство на Љубомир Врањеш, објави ЕХФ.
 
Вардар како првопласиран во Б групата го прескокна осминафиналето, а Флензбург имаше два тешки и до крај неизвесни натпревари против Мешков.
 
Истиот ден, на 22 април се игра и натпреварот Веспрем – Монпеље, додека следниот ден на програмата се другите два дуела: Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ.