-->
-->
ЛШ: Финалето во Кардиф го суди Германец
-->
Германецот Феликс Брих рекол дека голема чест за него преставува можноста да го суди финалето во Лигата на шампионите, помеѓу Реал и Јувентус.
„УЕФА ми направи голема чест со тоа што ме избра да го судам најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал“, рекол Брих за официјалната интернет страница на УЕФА.
Финалето во Лигата на шампионитќе се одигра во сабота (20:45 часот) во Кардиф.
„Кога ќе излеземе на теренот и кога ќе започне химната на Лигата на шампионите целосно ќе се фукусирам на натпреварот. Јас и мојот тим ќе дадеме се од себе добро да го започнеме мечот, бидејќи тоа ќе ни донесе дополнителна самодоверба“, дополнил Брих.
Финалето во Кардив ќе биде најголемиот меч кој во кариерата ќе го суди Брих. Тој во 2014 година беше главен судија на финалниот меч во Лига Европа, помеѓу Бенфика и Севилја.
„Нема да е доволно само да бидеме во добра форма и да бидеме добро подготвени за арбитража на такво ниво. Најважен аспект во саботното финале ќе биде работата со луѓето. Работите со 22-ца фудбалери на теренот, а сите тие имаат различни карактери. Мора да бидете во состојба да се поврзете со различни карактери“, рекол Германецот.
На Феликс Брих во финалето ќе му помагаат сонародниците Марк Борш, Штефан Луп, Бастијан Данкерт и Марко Фриц, а четврти судија е Србинот Милорад Мажиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица намерно прегазиле и истепале жена во Тетово
-
19-годишник од Охрид приведен за кражба на мопед
-
Мисајловски и Агелер разговараа за претстојните билатерални консултации во областа на одбраната
-
Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана
-
Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“
-
Судскиот совет одржа јавна расправа по барање за утврдување одговорност против судијата Лазар Нанев
-
Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП
-
Адеми: Недозволиво е да се носат законски измени по примерот на Кривичен, без да се консултира судската фела