Фудбал
11. April 2018 - 9:25

ЛШ: Фараонот поентираше и во Манчестер

Нов гол на Египќанецот Салах во Лигата на шампионите му донесе победа на Ливерпул на гостувањето во Манчестер и пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. 

Гостите славеа со 2-1 против Сити а по водството на домашните со погодокот на Габриел Жесус уште во 2 минута Салах израмни во вториот дел и го растури сонот на Гвардиола за сензација по поразот од 3-0 на првата средба. 
Судбината на домашните ја запечати Фирмино во 77м за победа на гостите од 1-2.