-->
-->
ЛШ: ЕХФ му додели фаворитска улога на ЖРК Вардар
-->

Ракометарките на Вардар се најголемите фаворитки за освојување на титулата во Лигата на шампионите, се вели во анализата на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
ЖРК Вардар се наоѓа во добра форма, нема пораз сезонава во Лигата на шампионите, а заедно со ФТЦ се единствените екипи кои победија на првите три средби во главната фаза.
Вардар игра добра одбрана има „долга клупа“, што според анализите на ЕХФ го става во пол позиција за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.
„Тие се единствентата непоразена екипа во ова натпреварување и поради тоа се на врвот на оваа листа. Играат одлична одбрана и имаат добар ростер, што е причина да бидат едини од фаворитите за трофејот“, се вели меѓудругото во анализата на ЕХФ.
Инаку, според ЕХФ, зад ЖРК Вардар се унгарските тимови ФТЦ и Ѓер, а потоа се наредени Ларвик, ЧСМ Букурешт, Митјиланд, Мец, Будуќност, Турингер и Есбјерг
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
