-->
-->
ЛШ: Џеко обезбеди четвртфинале за Рома
-->
Еден гол и беше потребен на Рома за да дојде до успех во дуелот со Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите. Мечот го реши Един Џеко кој се најде на вистинското место во 52. минута за да го постигне голот доволен за четврт-финале на „волчицата“.
Гостите пристигнаа во Рим со предност од Киев од 2:1, меѓутоа, успешното избегнување на офсајд стапицата по асистенцијата на Кевин Стротман, беше доволно Џеко да дојде во позиција од која ретко промашува.
Во вториот дел гостите мораа да продолжат со играч помалку откако црвен картон во 79. минута доби Иван Ордец, откако со влечење се обиде да го спречи Џеко во уште една речиси совршена шанса.
Тимот на Еузебио ди Франческо е вториот италијански тим во четврт-финалето, откако претходно Јувентус успеа да го елиминира Тотенхем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата