Ракомет
10. October 2016 - 9:22

ЛШ: Борко Ристовски голман на колото

Голманот на македонската ракометна репрезентација и на Барселона Борко Ристовски се најде во тимот на 3.коло од Лигата на шампионите. Извонредниот настап против бундеслигашот Флензбург му донесе место на голманската позиција.

 
Најдобрата седморка на ова коло ја сочинуваат:
лево крило: Анхел Фернандез (Ла Риоха)
лев бек: Ким Екдал ДиРутц (Флензбург)
среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)
десен бек: Шиме Ивиќ (Висла)
десно крило: Тим Д. Соренсен (Кристијанштад)
пикер: Никола Турна (Нант)
голман: Борко Ристовски (Барселона)
 
Изборот на најдобрите седум погледнете ги тука.