-->
-->
ЛШ 2018: Финалето во Киев
-->
Финалниот натпревар во Лигата на шампионите во 2018 година, ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев, објави Фудбалската федерација на Украина на својата интернет страница. Првиот човек на украинската Федерација, Андреј Павленко, истакнал дека информацијата официјално ќе биде објавена по завршувањето на состанокот на УЕФА, кој се одржува во Атина.
Олимпискиот стадион во Киев има капацитет од 70.000 места, а во 2012 година на неговиот тревник се одигра финалниот натпревар на Европското првенство (Шпанија-Италија 4-0).
Интересно, финалето во Киев ќе биде одиграно непосредно пред почетокот на Светското првенство во Русија.
Исто така, УЕФА донела одлука финалето на Суперкупот во 2018 година да биде одиграно во Естонија, односно во престолнината Талин. За таа прилика во реновирање на стадионот Лилекула Арена ќе бидат вложени пет милиони евра, а капацитетот ќе изнесува 15.000 места.
Стадионот во Талин ќе биде најмалиот спортски објект во историјата на кој се играл Суперкупот.
Домаќин на финалето во Лига Европа во 2018 година дополнително ќе биде одреден.
Инаку, финалето во Лигата на шампионите во 2017 година ќе се одигра на Милениум стадионот во Кардиф, а Суперкупот ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
-
Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија