Лозарите годинава очекуваат богат род
Лозарите годинава очекуваат богат род на лозјата. Според Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија" од Кавадарци, очекуваат до 180 милиони килограми грозје, иако винарите прогнозираат околу 120 милиони килограми грозје во гроздоберската сезона која следува.
- За тоа како течат подготовките сезонава за претстојниот откуп на грозје, каков е квалитетот на гроздовите зрна, какви се влијанијата на временските услови врз годинешниот род на виновите лози, се разговараше и на првата средба која во четвртокот ја имавме ние лозарите и винарите на заедничка маса во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветков, изјави денеска Аризанов.
Според него, поголемиот дел од винариите ги прават последните подготовки за откуп на грозјето. Додаде дека сепак и лозарите и винарите кои преговараат, засега не може да ги откријат откупните цени за килограм грозје кои се предлагаат.
- Преговорите продолжуваат за 14 дена каде треба да ги усогласиме нашите и нивните ставови, винарските визби ќе кажат прво дека ќе откупат помали количини за потоа да се предомислат и да се одлучат за повеќе, но нам таквите нивни тактики ни се одамна познати. Оваа година грозјето е со врвен квалитет, родот е добар, заштитен без последици, затоа и очекуваме да добиеме убави цени, стана збор и за нив, но засега нема ништо да откриваме, рече Аризанов.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР