-->
-->
Ловрен: Истрошени сме по Мундијалот
-->
Фудбалерот на Ливерпул и хрватски репрезентативец, Дејан Ловрен призна дека многу играчи кои настапија на Светското првенство во Русија се изморени, посебно ова се однесува на они чии селекции стигна до завршницата.
- Многу сме истрошени по Мундијалот. Тоа се виде и на нашиот дуел со Англија. Големите ѕвезди како Хари Кејн, Лука Модриќ, признаваат дека се физички и емоционално исцрпени. Тешко е да се фати ритамот кога се испуштаат поголемиот дел од подготовките во претсезоната. Како и да е, ќе се вратиме на посакуваното ниво. Само треба малку време, изјави Ловрен.
Хрватот по завршувањето на Мундијалот поради повреда пропушти поголем дел од натпреварите. Настапи само на две средби, против Челзи во Лига купот и против Манчестер Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното