Ловец преживеал напад од мечка, а кога дошол до колибата затекнал хорор: Ѕверот брутално ги убил неговата жена и ќерката
Млада мајка и нејзиното деветмесечно бебе ги убило гризли само неколку метри од нивната колиба во кандската провинција Јукон.
Валери Теоре (37) и нејзината ќерка Адел Рошолт починале во понеделникот, во близина на езерото Еинарсон, оддалечено подрачјето кое се наоѓа на околу 400 метри од главниот град на Јукон, Вајтхорс.
Теоре била учителка во основно училиште во Вајтхорс. Со партнерот Гјермунд Рошолт планирала да помине неколку месеци од породилниот одмор на подрачјето од Канада каде се ловат мечки.
Се работи за големи парцели земја кои државата ги изнамува, а на кои може да се ловат животните поради крзното. Нејзиниот партнер во понеделникот отишол да ги провери замките кои ги поставиле, а додека се враќал го нападнала мечка. Го нападнал на стотина метри оддалеченост од колибата каде живееле додека биле на лов.
Тој ја убил мечката, но кога дошол до колибата видела дека ќерката и партнерката му се мртви. „Кога дошол до колибата, ги видел телата на својата сопруга и ќерката веднаш на влезот од колибата“, пишува во извештајот на истражителите.
Се верува дека тие две тргнале на прошетка или касно утрото или рано попладнето и дека ги нападнала истата мечка која го нападнала и Рошолт.
Двојката имала вебсајт на кој Рошолт е опишан како водич за природа и консултант за мапирање, додека Теоре е опишана како дизајнерка на занаетчиски производи од крзно. Гардијан пишува дека на сајтот е прикажана и нивната ќерка Адел, која била облечена во крзно од лисица.
Гардијан пишува дека во Јукон живеат околу 7.000 гризли, но и дека толку смртоносни средби се ретки. Последниот напад од мечка во кој загинал човек се случил во 2006 година.
Ново на Сител
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено