„Lord Of The Dance“ во април повторно во Македонија

Музичко-танцовата атракција од Ирска „Lord Of The Dance“ на Мајкл Флетли по десет години повторно ќе гостува во Македонија. На 11 април 2018 во Вип арената „Борис Трајковски“ ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“ кое се темели на ирскиот фолклор и е авантура за борбата помеѓу доброто и злото, соопшти продукцијата Пасворд.
За ова нивно ново шоу со кое ќе гостуваат во Скопје, Пасворд соопшти дека е митска авантура која носи сѐ ново, од музика до сценографија, костимографија и кореографија. - Тука се и холограмските проекции, најсовремената сценска технологија, специјалните светлосни ефекти, разиграните роботи и најдобрите светски акробати и танчари, информира продукцијата.
„Lord Of The Dance“ се смета за најдобро танчарско шоу на светот, од 1996 година е најпродавано и досега има гостувано во повеќе од 60 земји. На изведбите на овој танцов ансамбл настапуваат дури 200 танчари. Флетли - танчарот, флејтист, автор, директор и продуцент на овој преокт е запишан во Гинисовата книга на рекорди како човекот со најбрзите нозе на светот, со 35 удари во секунда.
Билетите за настапот на „Lord Of The Dance“ во Скопје ќе бидат пуштени во продажба задутре (1 ноември), преку продажната мрежа на МкТикетс.
Ново на Сител
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
