Свет
14. јуни 2017 - 12:57

Лондонска полиција: Најмалку шест загинати во пожарот во станбена зграда

Најмалку шест луѓе загинаа во пожарот во станбена зграда во Лондон, соопшти полицијата.

- Можам да потврдам за шест загинати во овој мокмент, но таа цифра најверојатно ќе се зголеми. Во моментот се спроведува комплексна операција која може да трае и неколку дена. Голем број луѓе беа медициснки згрижени, изјави Стујарт Канди, командат на полицијата.

Пожарот целосно зафати зграда од 27 спратови во лондонскиот кварт Северен Кенсингтон. Во зградата изградена во 1974 година, има 120 станови.