Свет
25. May 2016 - 9:58

Лондончани од етничките малцинства го поддржуваат излегувањето на Велика Британија од ЕУ заради „неправедните“ емиграциски правила

ДПА - Хамбург

Многу црномурести лондончани, како и оние од азиско потекло ја поддржуваат евроскептичната Партија за независност на Обединетото кралство (ЈУКИП) и сакаат Велика Британија да ја напушти Европската унија. Причината се построгите правила за емигрантите кои ги ставија во незгодна ситуација нивните роднини кои живеат надвор од ЕУ.

Помеѓу исмејувањата и сакрастичните коментари за време на предизборната кампања во северниот лондонски крај Тотнем, пред парламентарните избори во 2015, еден од присутните по потекло од Гана се пошегува дека Тарик Саид треба да помогне во намалувањето на вкупната емиграција која оди кон Велика Британија, ако се врати „од таму од каде што дошол“.

Саид е роден во Пакистан во 1952 година, дошол во Велика Британија во 1985, и многу години работи во ресторан од ланецот Мекдоналдс. Беше кандидат на ЈУКИП за пратеник од Тотнем.

Пред публиката, која вклучуваше луѓе од разни раси во етнички најшаренолик реон, тој изјави дека проблемите со вработеноста во Велика Британија се должат на „слободната и масовна емиграција“ од ЕУ.

Тоа е стандардната порака на ЈУКИП пред референдумот за британско членство во Еу закажан за 23 јуни.

За се поголеммиот број приврзаници на партијата од етничките малцинства, биографиите како онаа на Саид се честа појава.

Невил Вотсон, роден во Лондон во семејство на Јамајканци, е 30-годишен активист од овој реон, и работи како ментор и раководи со спортска академија за локални адолесценти. На минатонеделните избори за регионална и локална власт во Велика Британија тој беше еден од кандидатите за регионалниот парламент на Лондон.

Вотсон сака да убеди што е можно повеќе луѓе да гласаат , по цена и да не го изберат ЈУКИП, особено оние од афро-карипската и христијанска заедница, кои во Тотнем се поклопуваат. Избирачката излезност тука вобичаено изнесува околу 40 проценти, а младите луќе во области како оваа „немаат апсолутно никаков интерес“ кон политиката, рече тој.

Но пред претстојниот референдум следниот месец „позицијата на Брегзит“ ќе земе приортетно место на сметка на партиската политика.

Тој смета дека чувството за неправедност во однос на емиграциските правила во Велика Британија за граѓани надвор од ЕУ е „прашање од огромно значење“ за луѓето во Тотнем и соседните области во северен Лондон. Мигрантите од Еу можат да престојуваат без визи по силата на слободата на движење во унијата.

-Тоа е прашањето кое добива најголем одглас во афро-карипската заедница, затоа што повеќето сме од земји од Унијата на нациите (британската заедница Комонвелт), рече Вотсон за ДПА.

Тој смета дека мигрантите од ЕУ „ја одземаат работата која можат да ја вршат луѓето во Велика Британија“, и ги намалуваат платите.

Кога премиерот Дејвид Камерон ги изложи неговите погледи на почетокот на годинава за тоа како Велика Британија може да „го добие најдоброто од двата света“ ако остане дел од реформираната ЕУ, тој го подвлече значењето на „строгите британски правила“ за граѓаните од земји надвор од ЕУ.

Правилата беа изменети во 2012 година за да бидат воведени дополнителни финансиски, јазични и други критериуми за кандидатите за виза. Годинава престои тие да бидат затегнати уште повеќе, барем онака како што изгледа, за да бидат задоволени критичарите кои тврдат дека Камерон не успеал да ја ограничи миграцијата од земјите од ЕУ.

Построгите правила важат за луѓето од Заедницата на нациите, кои вклучуваат 53 држави, од кои повеќето биле директно или индиректно владеени од Велика Британија. Додека Обединетото кралство ја опоравуваа повоената економија во 50-те и 60-те години од минатиот век, тоа ја привлекуваше емиграцијата од земјите на заедницата, особено од оние од карипскиот регион и индискиот субконтинент.

Приврзениците на ЈУКИП не се единствените кои го поддржуваат излегувањето на Велика Британија од ЕУ, познато како „Брегзит“, заради неправедните емиграциски правила.

Сијед Камал, европски пратеник од Конзервативната партија на Камерон, избран од Лондон, изјави дека емиграцијата е „исклучително важен фактор“ за неговата одлука да го поддржи Брегзит.

Тој рече дека „сака емиграциска политика која ќе биде балансирана и чесна - при која односот кој секој странец да е еднакво, без разлика дали доаѓа од Еу држава или не“.

-Како син на емигранти од земја надвор од ЕУ, тоа е мое длабоко убедување по прашањето кое е исклучително важно за мене, посочи тој во изјавата. „За жал, една праведен емиграциски систем е несоодветен со нашето членство во ЕУ“.

ЈУКИП се залага за петгодишна забрана за емигрирање на неквалификувани работници, како и за воведувањето на систем на поени сличен на тој во Австралија.

Месецов објавената студија на Центарот за следење на миграцијата при Универзитетот во Оксфорд, посочува дека околу три четвртини од граѓаните на ЕУ кои работат во Велика Британија не ги исполнуваат сегашните критериуми за виза за граѓани од трети земји.

Или поианку кажано, тоа се 94 проценти од граѓаните на земји од ЕУ кои работата во британските хотели и ресторани, или околу 96 проценти од вработените на фармите.

-Не можеме да примаме лекари, адвокати, специјалисти (од земјите на Заедницата на нациите), но истовремено можеме да римаме работници од ЕУ со ниска валификација - тоа воопшто не е чесно, рече Вотсон. „Кога разговарам со мојата заедница по тоа прашање се тревожам и тоа е важно за мене, затоа што и дедо ми и прадедео ми биле за таа земја. Така што кога се проливало крв на бојното поле, како што го правеле тоа многу индијци, африканци, многу луѓе од аро-карипско потекло - како што сум јас, тогаш зошто децата на тие храбри војници кои се бореле за слобода, да не можат да дојдат тука?“. прашува тој.

-Затоа сметам дека треба да излеземе од ЕУ затоа што и го должиме тоа на Комонвелтот.